Свет

Руската рубља продолжува да паѓа, побарувачката за девизи расте

Руската рубља продолжува да паѓа, побарувачката за девизи расте

Руската рубља денеска падна во претпладневната трговија, продолжувајќи го својот надолен тренд од минатата недела, под притисок на побарувачката на девизи и продажбата на руски средства од странци, објави Ројтерс.

До 10:30 часот по локално време, рубљата поевтини за 0,59 отсто во однос на доларот на 81,59 рубљи, 0,22 отсто во однос на еврото на 89,10 рубљи и 0,34 отсто во однос на јуанот на 11,85 рубљи.

Сепак, според Алексеј Антонов, директор за инвестиции во брокерот АЛОР, иако рубљата и понатаму изгледа слабо и нејзиното движење зависи од побарувачката за девизи, таа и понатаму е „препродадена“.

Неговите зборови се поддржани од движењето на акциите на московската берза, пренесе БТА. Индексот RTS деноминиран во долари денеска порасна за 0,34 отсто на 978,05 поени, а MOEX базиран на рубља додаде 0,94 отсто на 2.523,34 поени.

Суровата нафта „брент“, глобалниот репер за руската нафта, денеска маргинално поскапе за 0,01 отсто на 85,13 долари за барел.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни