Кина денеска лансираше метеоролошки сателит, за кој беше одредена зона забранета за летови северно од Тајван за 27 минути, пренесе Ројтерс.
Пекинг го информираше Тајпеј претходно оваа недела дека ќе воведе тридневна зона на забранети летови, што предизвика загриженост кај тајванските власти. Пекинг потоа појасни дека зоната ќе биде во сила само 27 минути.
Сателитот лансиран денеска се вика Feigin 3G. Успешно беше лансиран од северозападната провинција Гаунсу во 01:36 часот по локално време. Сателитот влезе во планираната орбита и целата операција беше прогласена за успешна од Кинеската вселенска агенција.
Сателитот ќе ги следи врнежите. Беше лансиран со ракета Long March 4B.
Зоната на забранети летови беше над Источното Кинеско Море, малку североисточно од Тајван, и обично има густ сообраќај на цивилната авијација.
Летовите на оваа делница продолжија набргу по 02:00 часот по Гринич.