Македонија

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел на време да се изградат Коридорите 8 и 10Д

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел на време да се изградат Коридорите 8 и 10Д

Од вчера почна да тече рокот за реализација на договорот со Бехтел и Енка за изградба на коридорите 8 и 10 д, и повторно партиски препукувања.

Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време, брзо и ефикасно, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Според него досега не се исплатени средства кон компанијата. Првата исплата на средства би била авансот за отпочнување на градежните работи и секој исплатен денар кој ќе биде од страна на државата и Владата кон Јавното претпријатие за државни патишта, а потоа и кон изведувачот ќе биде објавен на сајтот на Јавни финасии.

Бочварски повтори дека ова е нова постапка и нов систем на градење, каде најпрво ќе се одобри урбанистичкиот проект кој ќе ја утврди трасата по кој ќе почне постапка на експропријација на земјиштето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни