Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на ситен град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 20 степени.
До среда времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, засилен до силен ветер и услови за ситен град. Во среда ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на дневната температура за неколку степени. Во четврток и петок утринските температури ќе бидат пониски.