Свет

Белата куќа повика на итен прекин на огнот во Судан, но дали ќе ја послушаат?

Белата куќа повика на итен прекин на огнот во Судан, но дали ќе ја послушаат?
Washington DC, USA - March 9, 2018: One Secret Service security, police man guard happy standing, people by White House President building in capital city of United States in winter, spring

Белата куќа побара завојуваните страни во Судан веднаш да ги прекинат непријателствата и да обезбедат заштита на цивилите, допдека САД продолжуваат да ги евакуираат своите граѓани од таа африканска држава.

Советникот за национална безбедност во американското претседателство, Џејк Саливан, изјави дека американски граѓани кои сакаат да бидат повлечени од Судан почнале да пристигнуваат во Порт Судан, а Вашингтон им помага.

Саливан додаде дека нема планови за распоредување американски мировници во Судан.

Кон крајот на минатата недела, американската војска го евакуираше дипломатскиот персонал од Картум и привремено ја затвори својата амбасада.

Саливан рече дека желбата на неговата земја е мисијата да продолжи со работа штом ќе се обезбедат услови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни