Македонија

Се судрија возило и електричен тротинет, едно лице заврши во болница

Се судрија возило и електричен тротинет, едно лице заврши во болница

На 24.04.2023 во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(46) од с.Батинци, скопско и електричен тротинет, управуван од Л.С.(59) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни