Претседателот Стево Пендаровски не добил писмо од американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.
Инаку, ова писмо на Агелер направи хаос во Судскиот совет, каде ја разрешија и претседателката Весна Дамева.
Агелер на 11 април испрати писмо до извршните и судските органи, каде ја изрази својата загриженост за последните одлуки на Апелација за враќање на повторно судење на предмети од висок профил.
Според неа, оваа пинг-понг игра, разнесувајќи ги предметите од еден суд во друг, уште повеќе ја намалува довербата во судството.