Македонија

Мисајловски го демантира Груби: Не сме имале средба за Бехтел и Енка

Мисајловски го демантира Груби: Не сме имале средба за Бехтел и Енка

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во денешното негово гостување на ТВ21 го демантираше вицепремиерот Артан Груби, за наводната нивна средба а во врска со Бектел и Енка.

Мисајловски вели дека таква средба немало.

-Не сме имале таква средба, средби во минатото сме имале на различни тематики, но за Бехтел и Енка немало, вели Мисајловски.

Груби вчера на конференција истакна дека се сретнал со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски.

-Тој исто така се сретна и со претставниците на Бехтел и Енка. Јас исто така се сретнав и со Владо Мисајловски, поранешен министер за транспорт и врски. Со Александар Николовски во врска со специјалниот закон и другите законски измени. Сите се согласија дека се потребни и дека имаат нивни предлози за подобрување на законските решенија но никогаш не ни ги доставија, истакна Груби.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни