Македонија

Здравствените работници бесни на надлежните, најавуваат блокади во Скопје доколку ги игнорираат!

Здравствените работници бесни на надлежните, најавуваат блокади во Скопје доколку ги игнорираат!

Здравствените работници се бесни на Владата.

Тие велат дека проблемите се таложат во здравството, а надлежните не преземаат ништо за истите да се спречат.

Синдикат при геријатриската болница „13 ноември“ кои претставуваат и голем број вработени од здравствените домови низ Македонија бараат власта да ги исполни ветувањата за повисоки плати, да се признае образованието на медициснките сестри и негувателки, да нема деградација, а да има подобри услови за работа.

Во спротивно, како што велат, ќе протестираат и ќе го блокираат цело Скопје.

„Ќе го блокираме Скопје, на двата влеза, и од Ѓорче и од Автокоманда, а и Центарот на Скопје. Ќе го блокираме Центар за да не можат да отидат на работа ниту Претседатели на судови, ниту на Собрание, ни на Влада. Нека си одат пешки, а не со возила“, велат од таму.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни