Македонија

Рускиот патријарх Кирил телефонски разговарал со г.г Стефан – “Разговаравме за теми од заемен интерес”

Рускиот патријарх Кирил телефонски разговарал со г.г Стефан – “Разговаравме за теми од заемен интерес”

Денеска Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил оствари телефонски разговор со Претставникот на Македонската православна црква – Архиепископија Охридска, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Поглаварите на двете Цркви си разменија честитки за празникот Света Пасха, пренесува 4NEWS.mk

“За време на братскиот разговор, кој се одвиваше во топла атмосфера на братска љубов и меѓусебно разбирање, се разговараше за состојбите во православниот свет и за други теми од заемен интерес”, се вели во испратеното соопштение.

Веста за телефонскиот разговор беше објавена на веб страницата на Руската црква.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни