Македонија

Тетовските полицајци ќе ги едуцираат осмоодделенците за последиците од употреба на дрога, алкохол и цигари

Тетовските полицајци ќе ги едуцираат осмоодделенците за последиците од употреба на дрога, алкохол и цигари

Секторот за внатрешни работи Тетово започна со практична имплементација на два нови превентивно-едукативни проекти „Превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и цигари“ и „Превенција од трговија со луѓе и деца“. Носител е Отсекот за превенција, а во рамките на овој проект со кој ќе бидат опфатени околу 3000 осмоодделенци од тетовските и гостиварските училишта кои следат настава на македонски, албански и турски јазик.

-Стручно обучени полициски службеници поблиску ќе ги запознаат ученици со опасностите од болестите на зависност и пред сè од консумирање дрога и алкохол. Покрај ова, ќе им се укаже и на штетните здравствени, социјални и општествени последици од ваквите пороци, но и законските импликации. Осмоодделенците, исто така, ќе бидат информирани и за тоа како да го препознаат евентуалното нивно вовлекување во трговија со луѓе, што значи тоа и кои можат да бидат крајните последици. На учениците ќе им се презентираат и конкретни примери на трговија за луѓе и потребата да бидат докрај внимателни и да избегнуваат непосредни контакти со непознати лица или преку социјалните мрежи, а кои најчесто ги залажуваат и им нудат средби, пари или предизвици, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Проектите кои ќе се одвиваат паралелно се планира да завршат до почетокот на идниот месец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни