Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 24 степени.
Во недела времето ќе се задржи претежно сончево и топло, попладне со изолирана појава на дожд и грмежи. Во понеделник нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места, а од вторник следува период на променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд.