Училницата во основното училиште „Владислав Рибникар“, каде злосторство како што Србија не памети се случи на 3 мај 2023 година, кога тринаесетгодишен ученик уби осум другари и училишен чувар, а повреди наставник по историја и уште седум други ученици, трајно ќе бидат затворени.
-Таа училница во која момчето го изврши злосторството ќе биде трајно затворена, децата нема да се вратат таму. Тој кабинет ќе има друга намена, постои можност да биде спомен-соба, но тоа се уште не се знае, а тој предлог е изнесен и пред Советот на родители – изјави родител на еден од учениците од ова училиште.
Како што дознаваат тамошните медиуми, вечерва во 19:00 часот ќе има Совет на родители на ОУ „Владислав Рибникар“.
– Некои родители се за тоа училиштето да се реконструира, а додека трае адаптацијата децата би имале онлајн часови. На тој начин би можеле да се вратат на училиште на почетокот на следната учебна година, а на децата би им било дадено време да се опорават, да одат на интервјуа со експерти итн. Вториот предлог е да се продолжи со настава нормално, а сега ќе видиме како ќе биде можно тоа – вели извори.
Тие додаваат додава дека ученикот кој го извршил грозоморното злосторство не бил жртва на врсничко насилство.
– Не беше омилен, но не беше ниту жртва на насилство. Беше на забава со тие деца два дена пред да ги убие и рани. Не е точно дека добил кец на историјата, со тој учител имал одлични односи. Тој исто така беше во добри односи со чуварот кој сите го сакаа. Се обидел да го спречи, а кон него биле испукани 15 куршуми – велат изворите.