Свет

Напаѓачот во фабриката на Мерцедес сакал да ги убие газдите? Детали за нападот во Германија…

Напаѓачот во фабриката на Мерцедес сакал да ги убие газдите? Детали за нападот во Германија…

Едно лице загина, а уште едно тешко повредено во пукање во фабриката на Мерцедес во германскиот град Зинделфинген.

Неколку работници кои ја напуштиле фабриката за Билд изјавиле дека нападот наводно бил насочен кон лидерите на тимот. Истрелите биле испукани во канцеларијата на шефот.

Билд пишува дека напаѓачот наводно е надворешен соработник на логистичка компанија. Полицијата го истражува инцидентот.

Многу работници во фабриката се на улица и разговараат со своите семејства на телефон, кажувајќи им дека се добро.

Засега не е познат идентитетот на жртвата, додека од полицијата потврдија дека напаѓачот (53) е уапсен.

Непознат е и мотивот за пукањето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни