Македонија

Врие од полиција во Сингелиќ и Арачиново, специјалци прават претреси во куќи

Врие од полиција во Сингелиќ и Арачиново, специјалци прават претреси во куќи

Утрово, во Сингелиќ и Арачиново врие од полиција, дознава „Макфакс“. Се претресуваат домови на повеќе локации, а во акцијата учествуваат и специјалци, кои вршат пребарувања во куќите.

Неофицијално, уапсени се скоро 20 лица.

Во овие делови на Скопје е забележан голем број полицајци, каде што, според информациите на „Макфакс“, се апсат криминалци.

„Во тек се претреси во домови на повеќе места и кога ќе завршат во текот на денот, ќе излезат со соопштение“, велат од МВР.

Акцијата е во координација со обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни