Денеска во Брисел се разговара за дополнителна поддршка со муниција за Украина
Министрите за одбрана на земјите од Европската унија денеска во Брисел разговараат за дополнителна поддршка за Украина , пишува германскиот весник Die Zeit, цитиран од агенцијата Фокус.
Станува збор за ветувањето на Европејците за испорачување на милион артилериски гранати на Украина . На владата во Киев итно и е потребна муниција за да се одбрани од Русија . Сепак, според дипломатите, распоредот за испорака е во мирување.