Свет

САД ѝ продаваат на Украина ракети земја-воздух во вредност од 285 милиони долари

САД ѝ продаваат на Украина ракети земја-воздух во вредност од 285 милиони долари

Соединетите Држави најавија продажба на Украина на ракети земја-воздух НАСАМС во вредност од околу 285 милиони долари, што ќе ја зајакне нејзината противвоздушна одбрана, пренесе Франс прес.

„Украина итно треба да ги зголеми одбранбените капацитети против ракетните напади на руската авијација“, се вели во коминикето на американската Агенција за одбранбена и безбедносна соработка (DSCA).

Американскиот Стејт департмент ја одобри продажбата и сега се очекува да добие зелено светло од американскиот Конгрес.

Воздушната одбрана се покажа како клучен фактор во конфликтот во огромниот ракетен бараж од Русија. Продажбата на системите НАСАМС доаѓа заедно со милијарди долари американска воена помош за Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари 2022 година, забележува АФП.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни