Свет

Рон Де Сантис се кандидира за претседател на САД

Рон Де Сантис се кандидира за претседател на САД

Во САД, републиканецот Рон ДеСантис официјално стана следниот претседателски кандидат. Гувернерот на сојузната држава Флорида поднесе документи за учество во трката за претседателската функција и досега се јавува како најсериозен конкурент на Доналд Трамп во републиканскиот табор.

Долгоочекуваниот налет на Рон Де Сантис во трката за Белата куќа беше нарушен со техничка грешка.

Емитувањето на едночасовно интервју на Твитер, кое требаше да биде официјално започнување на кампањата, беше прекинато некое време, а илјадници корисници не можеа да се приклучат или беа одбиени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни