Свет

Светот и оддава почит на легендарната Тина Тарнер

Светот и оддава почит на легендарната Тина Тарнер

Светот и оддава искрена почит на легендарната пејачка Тина Тарнер, која почина на 83-годишна возраст, по долго боледување. Заслужено го доби името „Кралица на рокенролот“ поради нејзината неисцрпна енергија на сцената и нејзиниот неповторлив глас.

Почит на музичката легенда и оддадоа светски познати личности како Дијана Рос и Мараја Кери, кои го нарекоа Тарнер „инспирација за жените насекаде“.

Легендарниот рокер Мик Џегер исто така објави трогателна објава на социјалните мрежи. „Толку сум тажен поради смртта на мојата прекрасна пријателка Тина Тарнер. Таа беше навистина исклучително талентиран изведувач и пејачка. Таа беше инспиративна, топла, смешна и дарежлива. Таа ми помогна многу кога бев млад и никогаш нема да ја заборавам“, напиша тој на Твитер.

Сер Елтон Џон ја опиша како „недопирлива“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elton John (@eltonjohn)

Американскиот претседател Џо Бајден напиша дека Тина Тарнер е единствена меѓу цела генерација таленти кои ја сменија музиката на Америка.

„Едноставно најдобрата. Музичката легенда Тина Тарнер блесна на сцената и во срцата на милиони луѓе како кралица на рокенролот. Нејзиното наследство ќе живее вечно меѓу ѕвездите“. Вака напиша НАСА на Твитер по веста за смртта на пејачката.

Таа зад себе остава безвременски хитови како што се Proud Mary и The Best, со кои пораснаа милиони фанови од повеќе генерации ширум светот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни