Роденденска прослава на брод во водите на езерото Маџоре се претвори во катастрофа.
Најмалку две лица загинаа откако брод со повеќе од 20 патници, главно туристи, се преврте и потона во водите на езерото Маџоре во северна Италија , објавија локалните медиуми.
Бродот се превртел во неделата вечерта меѓу градовите Сесто Календа и Арона поради лошото време и силниот ветер, а медиумите јавуваат дека две лица од чамецот се водат за исчезнати.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека 19 лица се спасени и безбедни, но потрагата по исчезнатите продолжува , јавуваат агенциите.
Атилио Фонтана, претседател на регионот Ломбардија, рече дека „многу сериозен инцидент“ се случил поради лошите временски услови и потврди дека бродот што го изнајмиле туристите бил долг 16 метри.
Медиумите јавуваат дека на бродот имало 25 луѓе кои славеле роденден , но поради силниот ветер и брановите бродот се превртел и набргу потонал.
Сите што биле на пловилото паднале во водата, повеќето успеале да допливаат до брегот, а некои биле извлечени од езерото и со чамци кои биле пронајдени во близина биле извлечени на брегот.