Свет

Разорен земјотрес во близина на брегот на Индонезија

Разорен земјотрес во близина на брегот на Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во морето, недалеку од брегот на Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот се наоѓал на 282 километри југозападно од градот Туал, кој има околу 40.000 жители, а бил на длабочина од 112 километри, јави агенцијата Тас.

Засега нема информации дали земјотресот предизвикал материјална штета или има повредени, а не е издадено ниту предупредување за цунами.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни