Мечка падна од првиот кат на паркинг во трговски центар во градот Брашов во централна Романија, јави агенцијата Агерпрес. Како последица на падот, животното било тешко повредено и морало да биде евтанизирано.
Екипите за интервенција цело време го следеле движењето на животното и во ниту еден момент не постоела опасност по населението, прецизираат од градското собрание.
Un urs rănit grav după ce a căzut de la primul etaj al parcării unui mall din Brașov a fost eutanasiat
Citiți aici: https://t.co/PSSdRUcPK3#ştiri #știriromânia #stiribrasov pic.twitter.com/c0aKaV2FVG
— Libertatea (@libertatea) June 5, 2023
Мечката нашла балкон на паркингот и се обидела да излезе преку него, поради што паднала. Иако е ранета, таа пешачела десетици метри пред да биде фатена од специјализираниот тим. Поради повредите на животното е донесена одлука за еутаназија.
Минатата недела уште една мечка влегла во дворот на куќа во северниот дел на Брашов, а локалните жители биле предупредени да ја избегнуваат областа со системот RO-ALERT.
Романија е дом на најголемата популација на кафеави мечки во ЕУ. Нивниот број не е ажуриран од 2013 година, но се верува дека повеќе од 6.000 примероци, а според некои проценки дури 10.000, живеат во 30 од вкупно 42 окрузи во земјата.