Овен 21.3.- 20.4.
Роднините или соработниците би можеле да бидат нерасположени и да ви го нарушат мирот овие денови. Обидете се да се дистанцирате колку што можете повеќе.
ЉУБОВ
Комуникацијата со пријателите или семејството нема да ви биде лесна. Ќе биде подобро со партнерот.
РАБОТА
Склони сте да се сомневате во сопствените цели и амбиции.
ЗДРАВЈЕ
Добро.
Бик 21.4.-21.5.
Ова е идеален ден да се посветите на читање, учење… Не губете време мрзејќи или правејќи нешто сосема бескорисно.
ЉУБОВ
Ова е ден кога треба да го завршите она што сте го започнале.
РАБОТА
Незадоволство од некоја работа и неможност да го постигнете она што сте го зацртале.
ЗДРАВЈЕ
Гадење.
Близнаци 22.5.- 21.6.
Погледнете ги сите факти и дури потоа почнете да го правите она што сте го зацртале. Добриот план е половина од завршената работа.
ЉУБОВ
Не грижете се толку за туѓите чувства.
РАБОТА
Денес односите со колегите би можеле да бидат малку затегнати, а вие не попуштате.
ЗДРАВЈЕ
Генерално добро.
Рак 22.6. – 22.7.
Треба да бидете објективни и да не ги земате луѓето здраво за готово. Можеби некому верувате, но не го правите тоа безусловно.
ЉУБОВ
Не е ден за започнување сериозни теми.
РАБОТА
Не грижете се толку многу, бидејќи нема ништо што не можете да го поднесете.
ЗДРАВЈЕ
Дигестивни проблеми.
Лав 23.7.- 22.8.
Зошто го трошите вашето драгоцено време на неискрени и подли луѓе?! Запрашајте се колку губите од другата страна.
ЉУБОВ
Прилично сте страствени и емоциите имаат целосна контрола над вас. Се препорачува да не донесувате избрзани одлуки и потези.
РАБОТА
Некој ја изгубил вашата доверба и сега не се чувствувате удобно во присуство на таа личност.
ЗДРАВЈЕ
Проблеми со забите.
Девица 23.8. – 22,9.
Потребен ви е одмор, но прв кога можете да оставите се зад себе и да уживате во сето она што ве опушта и за кое ретко имате време.
ЉУБОВ
Доколку имате емотивен партнер, најдобро би било да отидете некаде заедно.
РАБОТА
Забележувате дека не е се како што треба, но не можете ништо да промените во моментот. Некој друг ги диктира темпото и правилата.
ЗДРАВЈЕ
Проблеми со воспаленија и алергии.
Вага 23,9. – 22.10.
Ќе се чувствувате многу подобро ако разговарате со некој на кој му верувате. Можеби ќе добиете и совет во вредност од злато.
ЉУБОВ
На полето на љубовта не го добивате она што го сакате, но и не и давате премногу на другата страна.
РАБОТА
Чувствувате дека некој ве користи за своја корист. Само вие знаете зошто го дозволувате тоа.
ЗДРАВЈЕ
Проблем со бубрезите.
Шкорпија 23.10.- 22.11.
Како некој или нешто постојано да ве кочи. Никогаш не можете да го завршите она што го започнувате. Бидете малку порешителни и борете се за себе.
ЉУБОВ
Преодна напнатост. Ситни расправии за тотално неважни работи.
РАБОТА
Соберете храброст и бидете решени да го кажете она што нема да го направите. Не земајте ја работата на другите луѓе на себе.
ЗДРАВЈЕ
Сте биле мрзливи. Тоа го чувствуваш со целото твое битие
Стрелец 21.11.- 21.12.
Ви треба малку простор за нови луѓе, нови настани, со цел конечно да го оставите минатото зад себе.
ЉУБОВ
Денес задоволувајте се себеси, а не каприците на партнерот.
РАБОТА
Овој ден е исклучително погоден за нови знаења и напредок на полето на работата.
ЗДРАВЈЕ
Блага мачнина.
Јарец 22.12.- 19.1.
Ви претстои ден полн со предизвици, но многу зависи од вас дали ќе ги прифатите или само ќе гледате од страна…
ЉУБОВ
Оние кои се слободоумни, денес би можеле да му дадат шанса на некој нов.
БИЗНИС
Не осудувајте на почетокот, оставете некои работи да се случат или барем да почнат да се развиваат, па дури потоа проценете.
ЗДРАВЈЕ
Исцрпени сте.
Водолија 20.1.- 19.2.
Припадниците на овој знак кои поради некои обврски може да се чувствуваат нервозни, па дури и лути што не можат да бидат на друго место или да направат нешто друго.
ЉУБОВ
Емотивниот партнер навистина не разбира некои работи што ги правите или кажувате.
РАБОТА
Не сте во позиција да инсистирате дека сте во право.
ЗДРАВЈЕ
Претежно стабилно.
Риби 20.2.- 20.3.
Плановите што ги правите денес треба да ги спроведете во блиска иднина, а не да го чекате „вистинскиот момент“ затоа што е токму сега.
ЉУБОВ
Ги криете негативните емоции, но денес тие можат да испливаат на површина и да предизвикаат хаос.
РАБОТА
Оние кои очекуваат покана од странство и позитивен одговор може да бидат малку разочарани.
ЗДРАВЈЕ
Проблеми со коските.