Македонија

Возило излета од патот кај тунелот пред Демир Капија, тешко повредена е жена

Возило излета од патот кај тунелот пред Демир Капија, тешко повредена е жена

Возило излетало од патот кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, информацијата утрово ја потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

– Денеска во 8.40 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Т.П.П., изгубило контрола и излетало од патот. Увидот е во тек, појасни Самарџиев за МИА.

Според првични информации, едно лице е тешко повредено во сообраќајката.

Поради сообраќајката во прекин е сообраќајот на овој патен правец.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни