Папата Франциско денеска ќе биде отпуштен од болница. Тој пред 10 дена влезе во клиниката Гемели во Рим на елективна операција за отстранување на кила.
Поглаварот на Римокатоличката црква е многу добро по 3-часовната операција под општа анестезија на 7 јуни и последователното закрепнување.
Тоа беше негов трет престој во болничката соба во последните 10 години во Светата столица. Се очекува папата да ги продолжи вообичаените ангажмани на почетокот на следната недела.