Од хрватскиот пазар се повлекуваат бројни пекарски производи произведени во Австрија поради забранетиот пестицид.
Забранетиот пестицид хлорпирифос бил откриен во брашно преработено во различни пекарски производи во Австрија, а суровината, спорната пченица, пристигнала од Чешка, објави европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна.
Пестицидот го открила официјалната контрола на инспекторот на пазарот, а наложено е итно повлекување на сите пекарски производи од продажните места, јавува Даница.
Се посочува дека спорниот производ е всушност брашното. Земја на апликација е Австрија, а потеклото на производот е поврзано со таа земја, но и со Чешка, каде пристигнала пченицата третирана со забранет пестицид.
Пекарските производи, освен во Хрватска, се дистрибуираат и во следните земји: Австрија, БиХ, Бугарија, Костарика, Чешка, Германија, Унгарија, Италија, Романија, Словачка, Словенија, Шведска и Швајцарија.