Свет

Пожарот во Париз ставен под контрола, повреени најмалку 25 луѓе

Пожарот во Париз ставен под контрола, повреени најмалку 25 луѓе

Пожарот што денеска избувна во Париз по силна експлозија најверојатно на гас е ставен под контрола, изјави шефот на париската полиција Лоран Нуњез.

„Пожарот е под контрола“, изјави Нуњез, додавајќи дека 25 лица се повредени, од кои четворица се во критична состојба.
Експлозијата на гас се случи во 5-от арондисман околу 17 часот по локално време.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни