Две лица се повредени во голема производствена несреќа во најголемата рафинерија за нафта во Романија. По експлозија избувнал пожар кој доцна вечерта бил ставен под контрола.
Рафинеријата Петромидија се наоѓа на брегот на Црното Море во близина на Констанца. За гаснење на пожарот испратени се и противпожарни екипи од соседните општини. Нема загадување на морето и плажата. Ваквите несреќи не се невообичаени во рафинеријата. Пред една година во сличен инцидент загина еден работник, а петмина беа повредени.
Пожарникарите работеа до доцна во ноќта за да го изгаснат пламенот, кој можеше да се види од километри. Нема информации за жртви. Причините кои довеле до експлозијата се уште се разјаснуваат.