Свет

Односи со Кина: Џо Бајден го опиша Кси Џинпинг како диктатор

Односи со Кина: Џо Бајден го опиша Кси Џинпинг како диктатор

Земјите од Г-7 повикаа на поблиска координација меѓу себе во односите со Кина. Ова го соопшти американскиот Стејт департмент откако државниот секретар Ентони Блинкен се сретна со претставници на Г-7 во Лондон.

Изјавата доаѓа еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден го опиша кинескиот лидер Си Џинпинг како диктатор .

Кина веднаш го опиша она што го кажа Бајден како „крајно апсурдно и неодговорно“.

А пред само неколку дена, државниот секретар Ентони Блинкен беше во посета на Пекинг, со цел да ги одмрзне односите кои достигнаа историска ниска точка.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи во средата рече дека коментарите на Бајден „се целосно спротивни на фактите и сериозно го кршат дипломатскиот протокол“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни