Научникот кој ја создаде руската хидрогенска бомба е пронајден мртов во неговиот стан во Москва. Се обеси 92-годишниот физичар Григориј Клинишов, пренесува „Дејли мејл“.
Тој оставил белешка за самоубиство, но детали за тоа не се објавени од руските инспектори. Според локалните медиуми, Клинишов се самоубил на 17 јуни.
Григориј Клинишов ја доби Лениновата награда за неговиот придонес во физичките и математичките науки во 1962 година. Тој беше меѓу креаторите на првата советска двостепена хидрогенска бомба позната како RDS-37 и првпат тестирана во 1955 година на полигон за нуклеарни тестирања во степите на источен Казахстан.