Свет

Робот пронајде остатоци на дното од Атлантикот: Крајбрежната стража откри нови детали од потрагата по исчезнатата подморница

Робот пронајде остатоци на дното од Атлантикот: Крајбрежната стража откри нови детали од потрагата по исчезнатата подморница

Американската крајбрежна стража објави дека далечински управувана роботска подморница (ROV) пронашла остатоци на дното на Атлантскиот Океан.

ROV пронајде „поле со отпад“ недалеку од потонатиот брод Титаник.

Специјалисти од заедничката команда во моментов ги анализираат новите информации. Прес-конференцијата е закажана за вечерва во 22 часот по наше време.

Во потрагата по исчезнатата подморница „Титан“ денеска се вклучи и роботизирана подморница (ROV), управувана од далечина, која ја испорача канадскиот брод „Horizon Arctic“.

Малата туристичка подморница го испратила последниот сигнал до матичниот брод во неделата, еден час и 45 минути по нуркањето.

Во него се вклучени британскиот милијардер Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот 19-годишен син Сулејман, францускиот истражувач Пол-Анри Наргело и Стоктон Раш, извршен директор на „Oceangate Expedition“, компанијата што ја организираше оваа турнеја.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни