Свет

Ерупција на вулкан на истокот на Русија

Ерупција на вулкан на истокот на Русија

Ерупцијата ја потврди Олга Гирина, раководител на Групата за одговор на вулканска ерупција на Камчатка (КВЕРТ).

Гирина рече дека на сателитските снимки е забележана „светла термичка аномалија“, додавајќи дека на вулканот се забележани потреси.

Таа посочи дека ерупцијата во моментов не претставува закана за локалното население или авијацијата, бидејќи се уште не е забележана емисија на пепел.

Со надморска височина од 4.750 метри, Кључевска Сопка е највисокиот активен вулкан во Евроазија. Неговата последна ерупција се случи во октомври 2020 година.

Најблиската населба е на околу 30 километри од кратерот на вулканот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни