Свет

ВИДЕО: Динго гризналo жена за задникот додека се сончала на плажа, надлежните велат било „хумано еутанизирано“!

ВИДЕО: Динго гризналo жена за задникот додека се сончала на плажа, надлежните велат било „хумано еутанизирано“!

Турист од Франција доживеал непријатно изненадување додека се сончал.

Како што јавува Би-Би-Си, жената се сончала на плажата на островот Фрејзер во источна Австралија, кога се појавила група од три динго.

Еден од нив и пришол на девојката која се сончала и лежела на стомак, а потоа ја гризнал за задникот кога се обидела да се сокрие.

Одделот за животна средина и наука во Квинсленд соопшти дека дингото било „хумано еутанизирано“ откако било откриено дека предизвикало неколку „високо ризични“ инциденти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни