Свет

Екс капетан на Кралската морнарица: Титаник е гроб и треба да се остави на мира!

Поранешниот капетан на подморницата на Кралската морнарица, Рајан Ремзи, предупреди на „огромните ризици“ поврзани со неусогласеноста, особено кога станува збор за изградба на подморници.

Во случајот на трагичната судбина на подморницата Титан, ова невнимание резултираше со смрт на пет лица.

– Сите поморски активности носат ризици бидејќи морето е непредвидливо. Подморниците оперираат на места помалку истражени од вселената, во нешто покомплексно од вселенски брод. Оваа форма на екстремен туризам веројатно ќе биде ограничена во оваа конкретна област – рече Ремзи.

Ремзи изрази сочувство до семејствата на загинатите во оваа трагедија и апелираше да престане да ја посетува потонатиот брод Титаник.

– Тоа е гроб и треба да се остави на мира– заклучи тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни