Македонија

Патот Берово – Делчево кај с.Смојмирово е затворен за сообраќај, поради обилни врнежи на дожд

Патот Берово – Делчево кај с.Смојмирово е затворен за сообраќај, поради обилни врнежи на дожд

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ:Патот Берово – Делчево кај с.Смојмирово е затворен за сообраќај, поради обилни врнежи на дожд.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин “Богородица”, времето на чекање за излез од државата изнесува околу час и половина. На граничниот премин “Дојран”, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни