Премиерот Димитар Ковачевски вчера беше во Делчево каде свелечно беше отворен модерен градски пазар.
„Продажбата ќе се одвива во современи услови, како што доликува на еден град, а и на држава, којашто цели кон европски стандарди на живот“, велат од Владата.
Интересен момент е кога премиерот со повишен глас вика низ пазарот, откако здогледува „добар карфиол“.
Тој пазари со пари, но чека и курус од пазарџиите.