Свет

Лавров: Русија ја задржува контролата врз нуклеарното оружје распоредено во Белорусија

Лавров: Русија ја задржува контролата врз нуклеарното оружје распоредено во Белорусија

Русија ја задржува контролата врз тактичкото нуклеарно оружје што ќе биде распоредено во Белорусија во согласност со меѓународните обврски, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Ова распоредување на нуклеарно оружје на ниту еден начин не прекршува какви било меѓународни обврски на Белорусија или на Руската Федерација, вклучително и обврските од Договорот за неширење на нуклеарно оружје“, изјави синоќа Лавров за ТВ каналот ОНТ.

На 25 март, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека, на барање на Минск, Русија ќе го распореди своето тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, исто како што САД распоредија елементи од својот нуклеарен арсенал на територијата на своите сојузници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни