Свет

Украина ја повика ЕУ: Побрзајте го поразот на Русија

Украина ја повика ЕУ: Побрзајте го поразот на Русија

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ја повика Европската унија „да го забрза поразот на Русија“ со дополнително зголемување на поддршката за Украина, пренесе Ројтерс.

Кулеба, кој присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, напиша на Твитер дека движењето на тенкови кон Москва за време на кусиот бунт на приватната воена компанија Вагнер покажа дека „Украина ќе победи“.

„На Советот за надворешни работи ја повикав ЕУ да го забрза поразот на Русија со зголемување на нејзината поддршка за Украина“, рече Кулеба.

Во исто време, земјите-членки на ЕУ денеска се договорија да ја зголемат воената помош за Украина за 3,5 милијарди евра, па таа сега е над 12 милијарди евра.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни