Свет

СКАНДАЛ! Земја се рекламирала со видео снимки од други земји

СКАНДАЛ! Земја се рекламирала со видео снимки од други земји

Филипинска рекламна агенција се извини што користела снимки од други земји во промотивно туристичко видео, јавува Би-Би-Си.

Кампањата користеше снимки од тераси со ориз во Индонезија, песочни дини во Обединетите Арапски Емирати и слетување на авиони во Швајцарија.

Агенцијата DDB Philippines се извини за „несреќниот превид“.

Филипинската секретарка за туризам, Кристина Гарсија Фраско, рече дека не биле искористени јавни средства за правење на видеото.

Фраско рече дека Министерството за туризам постојано барало потврда од рекламната агенција DDB Филипини дека материјалите што се користат во видеото се нивни и оригинални. Според нејзините зборови, „во сите овие прилики ДДБ постојано уверуваше дека оригиналноста и сопственоста на сите материјали се во ред“.

Контроверзното видео е направено како дел од кампањата „Love the Philippines“ вредна 900.000 долари, која беше лансирана кон крајот на јуни.

Употребата на видеа од други земји првпат беше откриена со анализа на француската новинска агенција АФП и филипинскиот блогер Сас Рогандо Сасота.

Министерката најави дека нејзиниот оддел ќе се погрижи DDB Philippines да ја преземе одговорноста за видеото.

DDB Philippines, од своја страна, изјави дека употребата на снимки во расположени видеа е стандардна во рекламната индустрија, но се извини за користењето странски видеа во овој случај. „Употребата на странски снимки во кампања за промовирање на Филипините е крајно несоодветна и контрадикторна со целите“, призна агенцијата.

Видеото оттогаш е отстрането.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни