Свет

Драма во авион: Летале во силни турбуленции, седум лица повредени

Драма во авион: Летале во силни турбуленции, седум лица повредени

Седум лица се повредени во авионот поради силни турбуленции за време на летот на „Хавај ерлајнс“ од Хонолулу до Сиднеј.

Во четвртокот, авионот превезувал 163 патници и 12 членови на екипажот кога „наиде на неочекувани силни турбуленции некаде во петтиот час од летот“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.

„Авионот само што не се урна. Не бевме подготвени“, рекол еден од патниците.

Лекарите на аеродромот укажале на тројца повредени патници кога авионот слетал во Сиднеј. Еден патник и три стјуардеси се испратени во болниците на дополнителни прегледи, а стјуардесите во меѓувреме се пуштени од болничко лекување, соопштија во понеделникот од авиокомпанијата, пренесува Нова.рс.

Минатата година во тешки турбуленции беа повредени 25 лица на летот на „Хавај ерлајнс“. Четворица патници и двајца членови на екипажот се здобиле со сериозни повреди, додека авионот претрпел мала штета.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни