Свет

НАТО ПОТВРДИ Столтенберг останува на чело на Алијансата

НАТО ПОТВРДИ Столтенберг останува на чело на Алијансата

Одлуката ќе ја поддржат шефовите на држави и влади на НАТО на самитот во Вилнус, соопштија од Алијансата.

Сојузниците на НАТО денеска се договорија да го продолжат мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг за уште една година, до 1 октомври 2024 година.

Одлуката ќе ја поддржат шефовите на држави и влади на НАТО на самитот во Вилнус, соопштија од Алијансата.

Сојузниците му се заблагодарија на Столтенберг за неговото лидерство и посветеност, кои, како што се наведува во соопштението, биле клучни за зачувување на трансатлантското единство во услови на невидени безбедносни предизвици.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни