Се чини дека е се поблиску…
За ова се сонувало, фантазирало и замислувало со години, децении, па и векови, а сега изгледа никогаш поблиску. Имено, компанијата Alef Aeronautics доби дозвола да ги тестира своите летечки автомобили кои треба да се најдат во продажба за две години.
Калифорниската компанија Alef Aeronautics, чиј проект беше поддржан од SpaceX, веќе доби 440 нарачки за својот летечки електричен автомобил. Ова возило може да превезува двајца патници, да се движи по патот и, доколку е потребно, да полетува вертикално.
Со едно полнење може да помине речиси 322 километри на пат, а да прелета 177 километри.Може да се паркира и на стандардни паркинг места, што значи дека не му е потребна посебна инфраструктура.
На пазарот треба да се најде во 2025 година со почетна цена од 300.000 долари, пишува kamatica.com.
Сепак, неопходно е прво овие возила да се покажат како безбедни на тестовите, не само за возачите, туку и за оние кои се под нив.
Секако, безбедноста е обезбедена на неколку начини, меѓу другото и регулативата која вели дека летечките автомобили нема да можат да патуваат насекаде, туку ќе има посебни рути каде што ќе може да летаат.