Свет

„ПУТИН ВО ЕУФОРИЈА“ По неуспешниот бунт на Вагнер, рускиот лидер прави селфи и ги бакнува обожавателите

„ПУТИН ВО ЕУФОРИЈА“ По неуспешниот бунт на Вагнер, рускиот лидер прави селфи и ги бакнува обожавателите

Рускиот претседател Владимир Путин е во „висока емоционална состојба“ по неуспешниот бунт на платеничката група Вагнер, тврдат експертите.

Краткотрајниот бунт на Вагнер предводен од неговиот водач Евгениј Пригожин , чии борци се приближија до Москва на 200 километри, заврши со ненадеен договор со посредство на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Иако неуспешен, бунтот на Вагнер беше најголемиот предизвик за дведецениското владеење на Путин досега, а експертите велат дека тој излезе од него ослабен. Се чини дека Путин сега почна да ја санира штетата по инцидентот.

Тој за прв пат се појави во јавноста во средата вечерта за време на ретката посета на Дербент, Дагестан, а беше снимен како се ракува, прави селфи со обожавателите, па дури и ги бакнува – необичен потег за претседателот познат по својата фобија од бактерии, пренесува Yahoo.

За време на пандемијата, Путин бараше од својот персонал да помине двонеделен карантин, додека долгата маса на која тој ги примаше странските лидери минатата година нашироко се сметаше за игра на моќ и како начин да се дистанцира поради страв од инфекција.

– Неодамна, неговите јавни настапи покажаа слика на необјаснива радост што се граничи со еуфорија, што е впечатливо отстапување од неговото вообичаено однесување – рече Татјана Становаја, соработник на фондацијата Карнеги.

Таа смета дека целта била да се создаде атмосфера на наклонетост кон 70-годишниот лидер на Русија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни