Македонија

Драма во авионот на кој била и Шекеринска, вртел 8 круга нас Скопје, а потоа пренасочен кон Софија

Драма во авионот на кој била и Шекеринска, вртел 8 круга нас Скопје, а потоа пренасочен кон Софија

Вистинска драма синоќа се случувало во авионот кој летал на релација Виена-Скопје. Како што дознава 4NEWS.mk според информации од патници, летот имал многу турбуленции особено кога пристигнале над Косово и при влезот во Македонија.

Самиот лет дури ја променил и рутата на лет, па летал над Солунска глава упатувајќи се директно кон Велес, каде започнал и да кружи.

Синоќа Скопје беше зафатено од силно невреме со јаки електрични празнења и поради тоа, по препорака на контролата на лет во Скопје, како што дознаваме авионот ја променил рутата.

На истиот лет се наоѓала и поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска која на својот фејсбук профил ги сподели не толку впечатливите моменти од летот.

Поради неможност да слета во Скопје, авионот на крај бил пренасочен кон Софија, а потоа патниците биле префрлени во Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни