Свет

ВИДЕО Над 30 ранети во гранатирањето на градот Макеевка во Доњецката област

ВИДЕО Над 30 ранети во гранатирањето на градот Макеевка во Доњецката област

Најмалку 36 лица се повредени во ракетен напад врз градот Макеевка, кој е под контрола на Русија, во украинската област Доњецк.

На социјалните мрежи во Русија беа објавени аматерски снимки од голем пожар на кој огнениот столб се издигнува неколку десетици метри. Лидерот на таканаречената Доњецка народна република, Денис Пушилин, извести дека се повредени 25 лица, меѓу кои и две деца.

Подоцна, претставништвото на ДПР во Заедничкиот центар за контрола и координација прецизираше дека повредените се 36. Како и дека четири ракети биле испукани од ракетни системи за салво оган кон Макеевка. Погодена е болницата во градот, јави ТАСС, повикувајќи се на свои извори во спасувачките служби. На социјалните мрежи се појавија информации дека се запалил резервоар за гориво.

Во меѓувреме, гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, извести дека 12 ракетни фрлачи „Град“ погодиле станбена зона во градот Валујки.

Повредена е жена, причинета е материјална штета на 8 куќи, а неколку улици останаа без струја поради искршени далноводи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни