Свет

Јуни беше најжешкиот во светот досега

Јуни беше најжешкиот во светот досега

Минатиот месец беше најтоплиот јуни на глобално ниво досега, соопшти канцеларијата за климатски промени на Европската унија.

Невообичаено високи температури се забележани и на копно и на море. Просечната температура беше половина степен повисока од просечната температура за истиот месец од 1991 до 2020 година.

И Платформата за климатска анализа на Универзитетот во Мејн откри дека изминатите седум дена биле најтоплата недела на Земјата откако биле направени набљудувања.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни