Свет

Мексико: Девет лица загинаа во пожар на пазар

Мексико: Девет лица загинаа во пожар на пазар

Едно лице е повредено и пренесено во болница, соопштија властите на градот кој се наоѓа на околу 65 километри западно од главниот град на Мексико.

Во пожар кој најверојатно е подметнат пожар, девет лица загинаа на голем пазар во Толука, петтиот по големина град во Мексико, соопштија властите доцна синоќа.

Едно лице е повредено и пренесено во болница, соопштија властите на градот кој се наоѓа на околу 65 километри западно од главниот град на Мексико.

Пазарот Толука е втор по големина во Мексико, со 26.000 посетители дневно, според локалната власт.

Се додава дека пожарот можел да биде подметнат поради внатрешни расправии меѓу продавачите, бидејќи и претходно биле евидентирани инциденти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни