
НАТО одобри сеопфатен план за реорганизација на армиите, но во исто време се уште нема конкретни ветувања за пристапување на Украина во западната воена алијанса, пишува Дојче веле.
Врховниот командант на НАТО во Европа, американскиот генерал Кристофер Каволи, заедно со своите колеги во воениот штаб на Алијансата во белгискиот град Монс, подготви план за одбрана на територијата на НАТО во Европа од можен напад на Русија.
Тоа е првиот сеопфатен одбранбен план на НАТО од крајот на Студената војна со Советскиот Сојуз и Варшавскиот пакт пред повеќе од 30 години.