Свет

Експерти: Во топлите летни денови хидратацијата е најважна

Експерти: Во топлите летни денови хидратацијата е најважна

Екстремно високите надворешни температури можат да предизвикаат здравствени проблеми на неколку начини, па дури и да доведат до смрт, а најчест проблем е дехидрацијата, предупредуваат експертите.

Според кардиолозите, високите температури можат да донесат најмногу проблеми кај кардиоваскуларните пациенти.

„Ако не пиете доволно вода за да ги замените течностите што ги губите со потење и мокрење, вашата крв станува погуста, што ја прави посклона кон згрутчување, зголемувајќи го ризикот од срцев удар и мозочен удар. Ова значи дека срцето мора потешко да пумпа до испорачува доволно кислород до другите органи и ткива, ставајќи го под дополнително оптоварување“, објаснуваат кардиолозите во упатството „Како да се обезбеди оптимално функционирање на телото за време на топлите летни денови“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни