Најмалку 28 лица се повредени во експлозија во Тајван на 15. Саем на храмови што се одржа во саботата вечерта во градот Цаи, јави тајванската Централна новинска агенција (CAN).
Од 28 лица, седум се хоспитализирани, а едно лице се здобило со тешки телесни повреди и е на интензивна нега, додека другите се пуштени дома.
Посетителите рекоа дека дошло до експлозија на генератор на мазут, а некои тврдат и дека дошло до експлозија на местото каде што биле натрупани петарди.
Полицијата заради истрага го опколи местото на инцидентот и изјави дека не исклучува човечки фактор да довел до експлозијата, но со прегледување на снимката детално ќе утврдат што ја предизвикало експлозијата.